Српски државјанин пронајден мртов во Кисела Вода

од Nikola Popovski

Српски државјанин бил пронајден починат во сместувачки објет на територија на општина Кисела Вода, јавуваат од полицијата.

-На 02.03.2024 во 11.20 часот во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека во сместувачки објект на подрачје на Кисела Вода бил пронајден починат Д.Х.(43) од Република Србија.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција, потенцираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Слични содржини