ССМ побара, Владата прифати: Продолжува финансиската помош за исплата на плати за работниците

Во рамки на петтиот пакет економски мерки, останува и финансиската помош по однос на исплата на плати, со што повторно нема да се доведат во прашање, работните места на работниците и тоа по барање на Сојузот на синдикатите на Македонија.

„Условите за добивање на финансиската поддршка за плати се истите како и за четвртиот пакет мерки, со тоа што на наше инсистирање, работодавачите мораат да го задржат бројот на вработените заклучно со 31 декември 2020 година со што, работниците кои ги изгубиле своите работни места во јануари и февруари ги враќаме на работа, доколку работодавачите сакаат да добијат финансиска поддршка за исплата на плати, а ги гарантираме и нивните работни места во периодот додека се користи мерката и месеците по завршување на истата, а истото се однесува и за работодавачите кои ќе сакаат да користат од мерката за бескаматни кредити“, посочија од ССМ.

Инаку, во рамки на барањата за помош, ССМ наведе дека на работодавачите им е потребно поголемо даночно ослободување, по што Владата прифати да биде прифатено по однос на исплатата за регрес за годишен одмор во висина до 80% од просечната плата.

 

Слични содржини