Станкоски: Откупот на тутунот може да се интензивира, тоа зависи исклучиво од откупувачите

од Vladimir Zorba

„Откупот на тутунот официјално започна на 15 декември, сите пунктови се отворени и имаме регистрирани 263 откупни пунктови со 280 ваги. Досега има откупено преку 500 тони тутун, што сметам дека за овој период на откупната сезона е малку, но се надеваме дека динамиката ќе се зголеми од наредната недела или после Новата година“ рече директорот на Државниот инспекторат за земјоделие Јане Станкоски.

Тој додаде дека откупот на тутунот зависи од откупувачите и апелираше до нив да ги зголемат цените по класи и да не манипулираат со тутунарите.

„Има информации дека родот е намален. Има склучени околу 30 илјади договори за 26,5 илјади тони тутун. Но се очекува, јас лично очекувам 15 илјади, а некои зборуваат и за 13 илјади тони. На крајот ќе видиме колкава ќе биде бројката“ рече Станкоски.

Директорот на инспекторатот за земјоделие повтори дека очекува веќе од следната недела да се интензивира откупот на тутун и да се заврши сезоната како и претходните реколти.

Слични содржини