Стано: Новиот предлог на ЕУ за формирање на ЗСО е избалансиран

од Stefanija Kuzmanovska

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, истакна дека на последниот состанок во Брисел со лидерите на Белград и Приштина, ЕУ дала „избалансиран“ предлог за формирање на ЗСО и дека српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на Косово Албин Курти навестиле „начелна“ подготвеност да го прифатат тој предлог.

„Ова ќе го унапреди процесот на нормализација и ќе го ублажи ризикот од ескалација и ново насилство. На средбата страните укажаа на начелна подготвеност да го прифатат овој европски предлог, но и двете имаа предуслови кои беа неприфатливи за другата страна“, рече Стано, пренесе РТК.

Тој додаде дека очекува оваа подготвеност да доведе до имплементација без натамошно одлагање, нагласувајќи дека „предусловите не се прифатливи“.

Слични содржини