Старова: Можеби Макрон неочекувано ќе ја смени одлуката

од Hristina Nikolovska

Првиот македонски амбасадор во Франција Луан Старова во интервју за „360 Степени“ вели дека очекува можен пресврт од денешната средба Макрон-Пендаровски.

-Средбата би можела да донесе пресврт во ставот на Франција, може да биде позитивна. Како што Макрон неочекувано ја донесе одлуката за недобивање датум за преговори со ЕУ, можеби сега неочекувано ќе ја повлече. Сметам дека одуката е на негов личен план, не е на план на институциите во ЕУ. – вели Старова.

Старова смета дека Франција има надворешна политика со цврсти адути, но треба, како што вели, максимално да се ангажира да ја преиспита одлуката од октомври, и да ги ревалозризира досегашните однои со земјава.

-Со Договорот од 1996-та година кој го потпиша претседателот Киро Глигоров визијата на Франција беше јасна. Ширак беше подготвен да ја поддржи земјава до крајот на приемот на Македонија во ЕУ, но овој процес како да заостанува по 1999-та година, односно доаѓа до пресврт по заминувањето на Глигоров. – појаснува Старова потенцирајќи дека десет години пропуштени во дипломатскиот континуитет ја чинат државата.

Во однос на пораката до македонските политичари првиот македонски дипломат во Париз вели дека потребно е трпение бидејќи Франција и Германија, сепак се локомотивата на Европа и дека сепак треба да се поработи на франкофонскиот капитал во земјава.

Слични содржини