Статистика: Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа

од Берта Китинска

Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно. Дали ова има врска со стресот, сиромаштијата и лошиот квалитет на живот? Се гледа дека најмногу удари имало во најсиромашните и најнесреќните земји, пишува во својата најнова објава професор Дејан Трјаковски.

-Освен тоа, во 2018 година Македонија имала втор најлош индекс во Европа (после Романија) според исходот од лекувањето на сите болести. Секогаш е во првите три најлоши, а во 2015 година имала најлош индекс. Овој индикатор е можеби најважниот од сите шест според кои се рангираат здравствените системи. Човек да се уплаши што мора да живее тука, пишува професорот.

Македонија има највисока стапка на морталитет од мозочен удар во Европа: 180 смртни случаи на 100.000 жители годишно….

Posted by Дејан Трајковски on Sunday, 11 April 2021

Слични содржини