Стејт департментот без коментар за повлекувањето на турскиот амбасадор од САД

од Vladimir Zorba

Американскиот Стејт департмент денеска соопшти дека е запознат со одлуката на Турција за повикување на нејзиниот амбасадор во Вашингтон на консултации во Анкара, но дека не го коментира таквото решение.

– Знаеме дека Турција го повика на консултации својот амбасадор, изјави претставник на Стејт департментот, одбијваќи да ја коментира постапката на Анкара.

Турскиот вицепремиер и владин портпарол Бекир Боздаг по вчерашната седница на Владата информира дека амасадорите на Турција во Израел и САД биле повикани да дојдат на консултации во Анкара.

Ваквата одлука е донесена по вчерашното преместување на Американската амбасада во Израел од Тел Авив во Еруслим и судирите на границата меѓу Израел и Појасот Газа, при кои беа убиени над 60 Палестинци.

Боздаг најави и дека Турција побарала одржување итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) поради овие настани. Состанокот најверојатно ќе се одржи в петок.

Турскиот амбасадор во Израел, Кемал Јокем попладнево допатува во Анкара, а засега нема информации кога во Турција ќе са врати и неговиот колега од САД.

Во меѓу време, Турција денеска побара од израелскиот амбасадор во Анакра, Ејтан Наех да „се врати во Израел на одредено време“.

Ваквото барање на Наех му било пренесоно на средба во Министерството за надворешни работи на Турција, на која му бил врачен и протест поради мерките што ги презедоа израелските безбедносни сили за време на протестите во Појасот Газа.

На случувањата во Газа реагирааше и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, кој ги осуди мерките на израелските безбедносни сили и Израел го нарече „терористички држава“.

На ваквата реакција на Ердоган одговори израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој му порача дека не треба да му дели лекции на Израел.

– Ердоган е меѓу најголемите поддржувачи на Хамас и не се сомневам дека добро знае што е тероризам и ѕверство. Го советувам да не ни држи лекции за морал, напиша Нетанјаху на Твитер

Слични содржини