Сто дневни глоби казна за гостиварец за непочитување на полицискиот час

од Берта Китинска

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе предлог за издавање казнен налог за лице кое вечерта на 24 март, по 21.00 часот управувало со патничко моторно возило по улиците на Гостивар, во период кога е на сила забраната за движење, информираат од Јавното обвинителство.


– Со тоа, обвинетиот за време на епидемијата на опасна болест Ковид-19 не постапил според прописите и упатствата со кои беа определени мерки за сузбивање и спречување на коронавирусот и го сторил кривичното дело „непостапување според здравстевни прописи во време на епидемија“, велат од Обвинителството во Гостивар. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар предложи на судот, на обвинетиот за стореното кривично дело да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби.

Слични содржини