Сто штипски пензионери со помали пензии добија вредносни ваучери за празниците

од Nikola Popovski

Сто пензионери од Штип за новогодишните и божиќни празници добија вредносни ваучери по 1.000 денари. Претседателот на Здружението на пензионери-Штип, Ристе Недков вели дека пензионерите, кои имаат помали пензии со ваучерите можат да си купат намирници од штипските маркети.

Согласно програмските активности здружението на пензионери Штип одлучи оваа година да додели 100 ваучери во вредност од по 1000 денари и тоа можат да се набават артикли од маркетите на Кит Го и Тера Маркет во вредност од 1000 денари, наместо како досега да правиме  хуманитарни пакети, вели Недков.

Вредносните ваучери се распределени во сите населби во Штип соогласно критериумите определени од здружението Доделувањето на празничните ваучери во Штип се случува за првпат, а од Здружението на пензионери потенцираат дека оваа пракса ќе продолжи и во иднина и ќе опфаќа се поголем број од оваа возрасна група.

Слични содржини