Столтенберг: Честитки Северна Македонија, добредојде во НАТО

од Aleksandar Petrovski

Генералниот секретар на НАТО алијансата Јенс Столтенберг ја поздрави ратификацијата на Пристапниот протокол од шпанскиот Сенат и го честита членството на Северна Македонија.

– Шпанскиот Сенат го ратификуваше пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО. Со тоа сите сојузници и посакаа добредојде на идната 30-та земја членка. Честитки, Северна Македонија, објави на својот Твитер профил Столтенберг.

Сенатот на Шпанија денеска на пленарна седница го ратификува Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО. Гласањето беше без физичко присуство на сенаторите, поради состојбата со коронавирусот во земјата.

Слични содржини