Столтенберг откри за што ќе разговараат членките на НАТО на самитот во Вилнус

од Stefanija Kuzmanovska

На самитот во Вилнус во јули оваа година, членките на НАТО ќе разговараат за активностите на Русија и Кина во Африка, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ние, исто така, треба да се бориме против постојаната закана од тероризам и нестабилност на југот. Гледаме дестабилизирачки акции на Русија во Африка и Русија и Кина како се инфилтрираат во регионот. Самитот ќе им даде можност на членките на Алијансата да разговараат за овие прашања“, изјави вчера Столтенберг на заедничката прес-конференција со португалскиот премиер Антонио Коста, беше објавено на веб-страницата на НАТО.

Тој нагласи дека „мора да направиме повеќе за да изградиме одбранбени капацитети со клучните партнери на југот, како што се Тунис, Мавританија и Јордан“.

Слични содржини