Стоматолозите го открија најлошото време за миење на забите

од Stefanija Kuzmanovska

Можеби мислите дека секое време е добро за миење заби. Сепак, не сте во право, а стоматолозите предупредуваат зошто.

Постојат одредени периоди кога миењето заби всушност може да направи повеќе штета отколку да придонесе за здравата хигиена. Станува збор за миење на забите веднаш по оброкот.

Стоматолозите предупредуваат дека тоа е лоша идеја бидејќи варењето започнува од устата, што создава кисела средина, а тоа не е најдобра состојба за миење на забите, објаснува стоматологот Џени Греко.

„Кога јадете храна што содржи шеќер или едноставен скроб кој во устата се разградува на шеќери, бактериите кои предизвикуваат расипување на забите почнуваат да се хранат со нив и произведуваат киселина. Кога вашите заби се изложени на многу кисела средина, тие привремено го ослабуваат вашиот глеѓ (тврда, надворешна површина на забот) предизвикувајќи минерална загуба“, вели стоматологот Џин Лин и предупредува дека четкањето може дополнително да го оштети глеѓот во оваа ситуација.

Американското здружение на стоматолози (АДА) препорачува да почекате барем еден час после јадење за да ги измиете забите. Нил Џеј Гаџар, поранешен претседател на Академијата за општа стоматологија, вели дека тоа време „му дозволува на вашето тело да ја неутрализира киселата средина што може да била создадена од киселата храна која била внесена“. Чекајќи еден час, ѝ давате на киселината доволно време да си ја заврши својата работа, пишува Best Life, а пренесува Index.hr.

Слични содржини