Страшни кадри од Киев: Руски тенк прегази цивилно возило (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Руски оклопни возила денеска влегоа во предградието на Киев, Облон, кој е оддалечен десет километри од центарот на градот. На социјалните мрежи се појавија страшни кадри чија автентичност ја потврдија Скај Њуз и Би-Би-Си.

 

На видеото се гледа како руски тенк прегазува цивилно возило, кое потоа е целото смачкано.

„The Independent“ наведува дека до снимката дошол преку локален жител кој кажал дека руските „ослободители“ на улиците на Киев газат автомобили со цивили.

Меѓутоа, се уште нема официјална потврда за тоа на која земја и припаѓа тенкот. Некои пишуваат дека всушност се работи за украински тенк и дека возачот изгубил контрола над тенкот.

Според последните информации од Украина, руската војска е само на 30 километри од центарот на Киев, при што се слушаат експлозии во повеќе населби во главниот украински град.

Слични содржини