Страшни сцени од Италија: Торнадо го погоди Милано (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Страшно торнадо го погоди Милано, Италија, а снимката која кружи на социјалните мрежи е застрашувачка. „Јутањи лист“ пишува дека невремето се движи кон Хрватска.

На видеото се гледа како небото поцрнува додека торнадото косеше сè што ќе му се најде на патот.

Невремето предизвика големи штети на патиштата. Неколку паднати дрвја уништија автомобили, а оштетени се и куќи.

Според порталот „Милано“, пожарникарите извршиле околу 110 интервенции.

Зафатен е северниот дел на Ломбардија, како и Венето.

Хрватските медиуми јавуваат дека во Хрватска кон крајот на денот е можно невреме со привремено засилен и бурен ветер и грмежи.

Слични содржини