Струмичанец тврди дека бил претепан затоа што се декларира како Бугарин

од Nikola Popovski

Струмичанец тврди дека бил физички нападнат само затоа што се декларира како Бугарин. Митко Ѓоргиев вели дека нападот се случил пред неколку дена од во центарот на Струмица, а причина за нападот како што вели е само неговата националност.

„Јас по националност сум Бугарин, но сум еден лојален граѓанин на Република Македонија. На мене татковина ми е тоа и затоа се чудам како може 21 век, во држава каде претендираме да станеме членка на европското семејство да бидам нападнат затоа што сум по националност бугарин“, вели Ѓорѓиев во изјава за ТВ Сител.

Тој истакна дека додека се движел со неговата сопруга напаѓачите му пришле од зад грб и го нападнале иако претходно немал никаква комуникација, ниту расправија со нив.

Ѓоргиев нападот го пријавил во полиција, а за случајот ги  известил и бугарската амбасада и конзулатот во Македонија.

Од МВР денеска информираа дека полициската станица Струмица го расчистила случајот. За истиот две лица биле повикани на разговор и против нив ќе биде поднесена пријава за физички напад по член 12 од законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

Слични содржини