Зошто не е пренесувате студентите преку мегафон и поставија прашање на тв екипа на МРТВ која ги  снимаше студетските ?

studentimrt
Непријатен пречек доживеа екипата на јавниот сервис МРТВ 2, кога пред два дена решиле да влезат во автономната зона на студентите на Филолошкиот факултет и да направат снимки од окупацијата.

Дел од присутните студенти – членови на Студентскиот пленум револтирани од игнорантскиот однос на јавниот сервис за студентските случувања во земјава, ја потсетија телевизијата дека граѓаните ја плаќаат и за да се информираат за студентската окупација.

– Прашање до МРТ, која е во моментов тука, зошто не не пренесувате од протести и од сите наши активности. Тоа се наши пари со кои што работите, да знаете. Имаме право да го окупираме објектот на Македонската радио телевизија – им порачува преку мегафон активист на Пленумот на новинарите од МРТ.

Според видео снимката од Youtube, пред платото на УКИМ преку разглас им вели дека како новинари треба да се борат вистината да биде пренесена и дека не се достојни за својата професија.

– МРТ не пренесуваа кога нивен колега гинеше во затвор невин, не пренесуваа ниеден наш протест, молчат не се достојни за својата професија – посочи активистот.

Слични содржини