Судија-поротник не учествува во носење на одлука за замрзнување на имот, велат од Кривичниот суд

од Nikola Popovski

Во однос на информациите поврзани со предметот познат како „Талир1“, од Основниот Кривичен Суд велат дека судот постапува независно, непристрасно и неселективно без разлика дали како обвинет или оштетен се јавува сегашен или поранешен функционер.

„Посветен исклучиво на правдата, со целосно и доследно почитување на Законите и правата на странките, Судот одлучува врз основа на изведените докази и аргументи, врз основа на судската пракса и врз основа на правната логика, за кое нешто доказ се и бројните судски одлуки од изминатиов период, потврдени од повисоките судови, а истовремено од непристрасната јавност и од меѓународниот фактот-како релевантен критичар, се квалификувани како правични и одраз на владеењето направото. Апелираме до сите-странките во постапката, но и до „самопрогласените експерти“, да се воздржат од давање на неточни и тенденциозни коментари кои штетат на угледот на судот, но и на самите странки во постапките“, велат од судот.

За да не се шират невистини, оттаму појаснуваат дека судија-поротник не учествува во носење на одлука за замрзнување на имот, односно привремена мерка за обезбедување на имот, бидејќи, како што се наведува, таквата одлука е во надлежност на Кривичниот Совет и се носи во совет од тројца судии, без учество на судија-поротник.

„Наместо навредливото етикетирање на судството како „Луј Витон“, „Сваровски“,Трас-трас-судство…“ кое изминативе години доаќа од различни политички структури, потребно е да се покаже поголема почит кон правосудскиот систем генерално, бидејќи навреда на Третата власт, е и навреда на граѓаните на РСМ кои се претставувани во судските постапки преку судиите поротници, а колку се важни граѓаните упатува и фактот дека нивниот глас е еднаков со гласот на судијата при носењето на одлуките.

Воедно апелираме и да се престане со постојаните закани за кривична одговорност на судиите и судиите-поротници, бидејќи таквиот вид на притисок нема да влијае врз носењето на судските одлуки, а од друга страна говори и за не укоста на тој што изнесува такви закани, па дури и за обид од негова страна за попречување на правдата“ додаваат од Кривичиот суд.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешното судење за случајот „Талир“, каде што тој е претставник на обвинетата ВМРО-ДПМНЕ, побара да му прекине мандатот на судијата поротник Митко Сандев, бидејќи има наполнето 60 години. Истовремено, Арсовски тврди дека судијата поротник е член на партија и поради тоа треба да биде изземен.

Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Судскиот совет да констатира престанок на мандатот на судијата поротник и тој да биде заменет со нов судија поротник. Доколку Судскиот совет донесе таква одлука, судењето треба да почне отпочеток.

Слични содржини