Судир на полицијата и демонстрантите во трговски центар во Хонг Конг

од Aleksandar Todeski

Полицијата во Хонг Конг денеска се судри со демонстранти кои прошетаа низ трговски центар во Шеунг Шуи, во близина на границата со копното, барајќи кинеските трговци да ја напуштат таа автономна територија.

Околу 100 демонстранти во трговскиот центар извикувале „слободен Хонг Конг“ и „вратете се на копното“ по што со палки ги нападнале полицајци во цивил, а на некои им иставиле и лисици.

Според локалните медиуми, еден полицаец со бибер спреј испрскал дел од демонстрантите и новинарите.

Протестите во Хонг Конг почнаа во јуни поради контроверзниот закон за екстрадиција, но подоцна прераснаа во пошироки демонстрации поради состојбата во економијата и политичкиот систем.

Слични содржини