Судот на ЕУ му нареди на „Гугл“ да избрише резултати од пребарување доколку информациите не се точни

од Stefanija Kuzmanovska

Највисокиот суд на ЕУ денеска соопшти дека „Гугл“ мора да ги избрише резултатите од пребарувањето за луѓе во Европа доколку може да се докаже дека информациите за нив се очигледно погрешни.

Европскиот суд на правдата пресуди дека интернет пребарувачите мора да ги „дереференцираат информациите“ доколку лицето што го поднесува барањето може да докаже дека материјалот е „очигледно лажен“.

Судот наведе дека луѓето во Европа имаат право да бараат од „Гугл“ и другите пребарувачи да ги избришат линковите до застарени или непријатни информации за нив, дури и ако се вистинити, според принципот познат како „право на заборав“.

Слични содржини