Сугарески: Бележиме историска година во инвестиции во целокупната инфраструктура

од Hristina Nikolovska

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во интервју за Стандард вели дека сите заслужуваат кров над глава, посебно граѓаните од социјално ранливите категории. Досега се изградени  17 станбени згради со вкупно 772 станови.

 До 2020 година треба да бидат изградени 33 згради со 1.741 стан за социјално ранливи категори. Најавивте и нови критериуми при распределбата? Колку од овие згради досега се израдени и што преостанува за следната година?
Ова е проект кој се реализира неколку години претходно преку Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор од значење за Републиката. За оваа година поторшени се сите средства, 300 милиони денари од буџетот на министерството за оваа намена. До сега изградени се 17 станбени згради со вкупно 772 станови. Пред извесен период започнавме со изградба на две станбени згради со вкупно 110 станови во Пробиштип и Неготино. Оваа година ако дозволат временските услови или најоптимално следната година ќе започнеме да градиме станови за социјално ранливи категории на граѓани и во Бутел, во Гевгелија, Виница, Пехчево, Свети Николе, Дебар и Велес. Сите заслужуваат кров над главата, посебно овие категории граѓани. Сакам да информирам дека во овој момент во министерството се работи на измени на правилниците и критериумите за распределба согласно новиот Закон за социјална заштита и очекувам тие ќе бидат завршени во многу скоро време и да започнеме со распределба и на готовите згради во Гостивар и Струмица.

Целото интервју прочитајте го на следниов ЛИНК.

Слични содржини