Свети Стефан – заштитникот на болните, сиромашните и изнемоштените

од Elena Daskalova

Според христијанството, Свети Стефан е првиот христијански маченик.

Според делата на апостолите, тој бил Евреин роден во странство, кој живеел во Ерусалим и кој ѝ се придружил на црквата многу млад. Тој бил еден од седумте ѓакони назначени од апостолите да се грижат за старите жени, вдовиците и сирачињата. Како хеленизиран Евреин жестоко се противел на јудаистичкиот култ на храмовите. Поради тоа што го искажувал своето противење, бил изведен пред Санхедрин. Неговото бранење на христијанството толку ги разбеснило неговите сослушувачи што бил осуден на смрт со каменување. Еден од тие кои се согласиле со погубувањето бил Сол од Тарсус (Свети Павле).

На третиот ден од празникот Божик светата православна црква го празнува споменот на светиот архиѓакон и првомаченик Стефан. Тој е наречен првомаченик затоа што тој прв настрадал за Христовата вера. Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Слични содржини