СЗО ИЗНЕСЕ ЗАГРИЖУВАЧКИ ПОДАТОЦИ: Повеќе од 585.000 заболени за еден ден

од Stefanija Kuzmanovska

Светската здравствена организација (СЗО) во средата објави дека повеќе од 585.000 случаи на коронавирус се регистрирани претходниот ден, со што бројот на пациенти достигна 72,19 милиони.

Податоците на СЗО покажуваат дека бројот на починати се зголемил за 11.400 и надминал 1,63 милиони, пренесе ТАСС.

СЗО обезбедува информации само врз основа на потврдени информации од официјални државни здравствени институции ширум светот.

Јужна и Северна Америка имаат повеќе од 45 проценти од пациентите во претходните 24 часа, а потоа следат Европа, а потоа Југоисточна Азија. Најголем број на заболени има во САД (16 милиони), по што следи Индија со 9,9 милиони, а трет е Бразил со 6,9 милиони.

Слични содржини