СЗО: Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат

од Stefanija Kuzmanovska

Речиси две третини од здравствените установи во Газа престанаа да работат поради масовното и смртоносно зголемување на израелските воздушни напади на територијата, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Вкупно 46 од 72 здравствени установи, вклучително и 12 од 35 болници, престанаа да функционираат ширум Газа“, соопшти СЗО, пренесе АП.

Палестинските здравствени власти соопштија дека недостатокот на електрична енергија и гориво за генераторите поради израелската блокада, како и штетата од воздушните напади, принудиле многу објекти да престанат со работа, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини