Тајани: Балканот е од стратешко значење

од Vladimir Zorba

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија сака да биде поприсутна во Србија и на Балканот, кои според него имаат стратешко значење и кои мора да се чувствуваат сакани и ценети од соседните земји.

„Почнавме со голема балканска земја која е кандидат за членство во ЕУ. Ова е политичка определба за која работеше Италија, повторно да биде присутна во Србија и сите делови на Балканот. Сакаме да продолжиме да соработуваме во иднина со луѓе со кои соработувавме во минатото“, рече Тајани на отворањето на италијанско-српскиот бизнис и научен форум.

Воедно, тој им се заблагодари на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и на Владата на Србија за се што прават за да го вратат мирот на Балканот.

Слични содржини