Тачи: Само преку САД до договор, другите напори се залудни

од Vladimir Zorba

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави денеска дека само САД можат да постигнат договор за меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија, сите други напори се залудни, пренесува „Коха“.

По повод еврејската Нова година, Тачи рече дека со договорот за економска нормализација, постигнат на 4 септември во Белата куќа, американскиот претседател „го постигна невозможното“.

„Она што нè прави многу среќни и горди, по многу напори, ова меѓусебно признавање се случи во Белата куќа, па дојде преку Вашингтон. Ќе имаме повеќе мир. Во времето кога Ричард Гренел го започна тоа, ние бевме многу скептични. Кога се обиде да го постигне тоа што се случи сега, имавме надеж и оптимизам дека тоа е вистинското обраќање и дека може да се финализира во Белата куќа. Претседателот Трамп се потруди тоа да го овозможи. Тој го стори она што другите не го правеа во последните 20 години. Иако може да се види дека економската нормализација може да се случи во Вашингтон, јас сум убеден дека политичката нормализација може да се случи, а заемното признавање може да се случи само во Вашингтон. Другите обиди се залудни. Тие се губење време“, рече Тачи.

Тој додаде дека очекува дека признавањето на Косово од Израел ќе биде од корист и за земјите од регионот. Тој посочи дека Косово стои покрај Израел во борбата против тероризмот и екстремизмот, пренесе „Косово онлајн“.

Слични содржини