Тачи: Заев направи повеќе за Албанците отколку ДУИ

од Берта Китинска

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи во вчерашното гостување во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21. изјави дека следните избори ќе се докаже дека ДПА е најздравиот конкурент на ДУИ.

-Мислам дека ќе одиме сами, затоа што треба да докажеме колку сме политички силни, рече Тачи.

На прашањето дали ќе се спротивстават на коалициските партнери во Владата – ДУИ и СДСМ, тој одговори: „На СДСМ не верувам, ние сме коалициски партнери“.

Тој вели дека никогаш не би влегол во коалиција со ДУИ, а сега во владата се заедно затоа што ДПА нема политичка моќ.

„Ние немаме политичка моќ да му се наметнуваме на премиерот или немаме политичка бројка да кажеме по никоја цена со ДУИ. Да би имале политичка моќ или математика во пратеници ние никогаш не би биле со ДУИ“,рече Тачи.

Тој алудираше и дека Заев направил повеќе за Албанците отколку ДУИ.

„Требаше да дојде Заев и СДСМ и да се донесе законот за јазиците. Нели, ДУИ ни беше на власт заедно со ВМРО-ДПМНЕ и не го донесе тој закон порано“,рече Тачи, кој по членови на ДУИ вклучително и по првиот вицепремиер Артан Груби, ги нарече „глумци кои не глумат туку глуматат“.

Слични содржини