ТАГА ВО БРАЗИЛ: Лукас Переира (39) почина од корона

од Stefanija Kuzmanovska

Бразилскиот фудбалер Лукас Переира, кој играше за францускиот Ајачио од Корзика од 2004 до 2008 година, почина на 39-годишна возраст од последиците на Ковид-19.

Переира беше хоспитализиран пред четири дена, а почина во болницата во неделата поради срцев удар.

Тој дојде во Европа како 22-годишник и по четири години поминати во Корзика, се пресели во Јужна Кореја.

Подоцна играше во Катар, Бразил и Грција, а во 2012 година се прости од фудбалот.

Бразил е една од земјите најсилно погодени од коронавирусот.

Во саботата таму беше надмината граница од 500.000 смртни случаи.

Слични содржини