Tајван го потврди присуството на американските специјални сили на островот

Според америкснки воен информативен сајт, планирано американските „зелени беретки“ да бидат распоредени во Тајван за да дејствуваат како постојани набљудувачи за обука и да ги подготват специјалните единици на островот.

од Бети Божиноска

Припадници на американските специјални сили се стационирани на дел од оддалечените острови на Тајван и ги обучуваат неговите вооружени сили, а нивното присуство е дел од размена и треба да биде „можност за учење“ за вооружените сили на Тајван, потврди вчера началникот на Одбранбената управа на островот Чиу Куо-ченг, пренесува „Фокус Тајван“.

Тој ги потврди медиумските извештаи за постојано присуство на американската армија во Тајван на маргините на законодавната расправа, истакнувајќи дека припадниците на американската војска ги обучуваат тајванските војници, помагајќи им да ги идентификуваат слабостите и слепите точки.

Минатата недела, американскиот воен информативен сајт Special Operations Forces Report (SOFREP) напиша дека е планирано американските „зелени беретки“ да бидат распоредени во Тајван за да дејствуваат како постојани набљудувачи за обука и да ги подготват специјалните единици на островот.

Ова претставува отстапување од досегашната практика во која беа забележани чести, но непостојани посети на американскиот воен персонал на тајванските капацитети за обука. Постојаните американски сили, според пишувањата, би биле сместени на островите Кинмен, на само 10 км од копното на Кина.

Кина остро ја критикуваше зголемената ротација на американскиот воен персонал на островот.

„САД секогаш им даваат приоритет на сопствените интереси, а Тајван е само „пион“ што го користи против Кина,“ изјави во средата портпаролот на Пекинг, Чен Бинхуа.

Тој тврди дека со „тесното усогласување со САД за спроведување на т.н. програми за воена обука“, политичкото раководство на Тајван постепено „го турка народот на Тајван во криза“.

„Секој обид да се бара независност преку воени средства или потпирање на надворешни сили за независност само ќе доведе до опасност и на крајот ќе резултира со самоуништување за Тајван“, предупреди тој.

Кина го смета автономиот остров за дел од својата суверена територија и континуирано предупредува протиф формалното прогласување независност. Иако Тајван има сопствена управа од 1949 година, поголемиот дел од меѓународната заедбница, вклучувајќи ги и САД, не го признале како независна држава.

САД сепак одржуваат безбедносни врски со Тајпеј во рамките на Taiwan Enhanced Resilience Act 2022, чија цел е, како што се вели во документот, „ да се одврати агресијата на Кина против Тајван“, и кој му одобрува на Вапингтон да троши до две милијарди долари годишно за зајакнување на безбедноста на островот до 2027 година.

While the US does not officially support Taiwanese independence, it maintains security ties with the island. Under the ‘,’ to “deter People’s Republic of China (PRC) aggression against Taiwan” the US is authorized to spend up to $2 billion a year in military grants to bolster the island’s security up until 2027.

Слични содржини