Талески: Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ парите на граѓаните ги трошат на луксуз и партиски вработувања

од Vladimir Zorba

„Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, 10 месеци не работат ништо освен што парите на граѓаните ги трошат на луксуз и партиски вработувања“, вели на прес-конференција, Миле Талески, пратеник на СДСМ

„Наместо поддршка кон граѓаните, во време на криза градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ дополнително удираат по стандардот на семејствата преку покачување на комуналните услуги.

Општина Штип двојно, односно за 100 отсто ја зголеми цената на ѓубретарина. Наместо по 1,2 денари за метар квадратен, сега штипјани ќе плаќаат по 2,4 денари.

Зголемување на комуналните услуги за 25 отсто има и во општина Виница, додека во општина Радовиш исто така се зголемени давачките за комунални услуги.

Во Прилеп пак, поскапе јавниот такси превоз.

Додека цените на услугите растат, во исто време гледаме како јавните претпријатија раководени од кадри од ВМРО-ДПМНЕ се полнат со партиски кадри.

Неспособните градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и нивните директори, за само 10 месеци успеаја да ги задолжат и партизираат јавните претпријатија со кои раководат, за сега да бараат помош од Владата со цел да ја сокријат нивната неспособност“, додава Талески.

Слични содржини