Талибански снајперист кој уби десетици Авганистанци именуван за директор на катастар

од Stefanija Kuzmanovska

Кога талибанците ја презедоа власта во Авганистан по повлекувањето на Американците и сојузниците во август минатата година, животот на многу жители беше превртен наопаку.

Во текот на изминатата година, десетици илјади Авганистанци беа евакуирани од земјата, повеќето средни училишта за девојки беа затворени, а сиромаштијата е во пораст.

Но, за прв пат по повеќе од четири децении, земјата повеќе не е зафатена од насилство, додека претходно распространетата корупција е значително намалена, пишува Би-Би-Си.

Секундер Кермани, дописник на Би-Би-Си, беше во Авганистан за време на предавањето и неодамна се врати повторно да се сретне со луѓето што ги сретна минатата година.

Додека талибанците напредуваа низ Авганистан минатото лето, заземајќи ја територијата контролирана од авганистанската влада и странските сили кои се подготвуваа да се повлечат, тие се сретнаа со Ајнудин, тврдокорен талибански борец, во северната провинција Балк.

Имал леден, челичен поглед во очите додека разговарале.

„Ние даваме се од себе да не повредиме цивили, но борбите се водат и луѓето гинат“, рече тој на прашањето како може да го оправда насилството.

„Ние не прифаќаме ништо друго освен исламскиот систем овде во Авганистан“.

Разговорот бил краток, војната сè уште траеше и имаше постојана закана од воздушни напади на авганистанските владини сили.

Неколку месеци подоцна, Ајнудин му кажал дека е талибански снајперист.

Убил десетици припадници на авганистанските безбедносни сили, оценил тој, додавајќи дека бил ранет во десетина различни прилики.

Меѓутоа, по доаѓањето на талибанците на власт, тој бил назначен за директор на катастар и урбан развој во провинцијата Балк.

Денес, една година подоцна, додека седи на дрвена маса со големо црно-бело знаме на Исламскиот емират зад него, тој сè уште изгледа како да се навикнува на својот нов живот.

Тој вели дека ја разбира важноста на неговата нова улога.

„Со пушки се боревме со непријателот, фала богу го победивме, а сега со пенкало се обидуваме да му служиме на народот.

Ајнудин вели дека бил среќен додека се борел, но и сега е среќен.

Слични содржини