Таравари: Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е

Актуелниот градоначалник на Гостивар и поранешен министер за здравство, Арбен Таравари во гостувањето на Алсат, а во однос на пристигнувањето на вакцините од Србија посочи дека доволно е да се одбележи со една вест, но не и половина од Владата предводена од премиерот да одат на Табановце, за, како што вели, кутија со толку мал број вакцини. Сепак, Таравари изрази благодарност за донацијата од Србија.

„Ние како политичка партија, но и јас како обичен граѓанин и како лекар, сме заинтересирани што побрзо да заврши вакцинацијата на целото население во Република Северна Македонија. Не е важно од каде доаѓа, нека се најде премиерот … Вчера го започнавме процесот на вакцинација, со колку започнавме, смешно е, и откако ќе заврши оваа количина вакцини, што ќе правиме понатаму..? Јас го проверувам, сега го гледам системот КОВАКС на телефон и ги гледам броевите дека Македонија е во системот Ковакс, министерот рече дека нарачавме над 800 илјади вакцини преку системот Ковакс и сега гледам, резервиран број за Македонија е 103200 вакцини. Сега не знам каде е лагата“, посочи поранешниот министер за здравство, Таравари.

Слични содржини