Тасевски: Македонија да го откаже учеството на Евровизија

од Nikola Popovski

„Прво сакам да ги демантирам сите Бугари во Македонија што се ставија во одбрана на пејачот Гавранлиев. Никој не го критикува и никој не се става против него затоа што тој има двојно државјанство, туку затоа што сфативме од прва дека дел од една пропаганда во Македонија“, смета актерот Сашо Тасевски на прашање за македонскиот претставник на Евровизија, Васил Гарванлиев.

Според него, кога пукна срамот, со боите на знамето во спотот, што е сквернавење на уметничкото дело, тоа не е случајна постапка.

„Тој таму оди како претставник на МТВ и да ја прикаже Македонија во најдобро светло. Ние Македонците плаќаме за тој да не преставува таму, колку и тоа натпреварување да е лошо. Сметам дека како земја треба да го откажеме оваа година треба да го откажеме учеството на Евровизија“, вели Тасевски во гостувањето на емисијата „Само вистина“.

Слични содржини