Тен Хаг не сакаше да коментира на темата „Роналдо“

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одби дополнително да коментира на темата за иднината на Кристијано Роналдо, велејќи само дека ништо во неговата позиција, како и на клубот, не е променето. Холанѓанецот пред неколку дена увери дека Роналдо е дел од неговите планови и клубот нема намера да го продаде. Сепак, шпекулациите околу иднината на Португалецот продолжуваат.

„Дадовме изјава за оваа работа и ништо не се смени“, беше краткиот коментар на Тен Хаг на темата Кристијано Роналдо.

Тимот на Манчестер Јунајтед вчера пристигна во Австралија како дел од својата претсезонска турнеја. Откако „црвените ѓаволи“ го совладаа Ливерпул со 4-0 во Бангкок во вторникот, Јунајтед утре оди на својот втор тест против локалниот Мелбурн Виктори.

Капитенот Хари Мегваер го пропушти дуелот со „црвените“ поради полесна повреда, но ќе биде на располагање најмалку едно полувреме против австралискиот тим, откри Тен Хаг.

„Хари ќе биде достапен за утрешниот натпревар. Ќе видиме колку долго ќе игра. Мислам дека може да одигра едно полувреме. Имаме силен состав и навивачите ќе бидат среќни“, изјави менаџерот на „црвените ѓаволи“.

Тен Хаг, исто така, објасни која е најсоодветната улога што треба да ја игра Дони ван де Бик. Холанѓанецот пред речиси две години беше привлечен токму од Ајакс, но се уште не може да остави белег во Јунајтед. Тој беше позајмен на Евертон во втората половина од минатата сезона, но сега се врати во тимот.

Надежите на навивачите се дека со Тен Хаг конечно ќе може да ги покаже своите квалитети.

„Тој може да игра и длабок бек и многу напред. Ова го знам од минатото. Неговата најдобра позиција, според неговите квалитети, е да игра во противничкиот шеснаесетник, веднаш зад напаѓачот“.

Слични содржини