Тепачка меѓу пратеници во бугарското Собрание

од Nikola Popovski

Утрово дошло до тепачка на денешната седница на бугарското Народното собрание по декларација на партијата Преродба на контроверзниот Костадин Костадинов. Пратениците од редовите на оваа партија побарале од Продолжуваме на промените на поранешниот бугарски премиер Кирил Петков да го напушти парламентот бидејќи, како што велат, „покажале како државата била преземена од странските амбасади“.

Пратениците од ПП на ова возвратиле дека Преродба е проруска партија. По тоа почнала размена на реплики и навреди, која прераснала во турканици и тепачка, а микрофоните во салата биле исклучени бидејќи била дадена пауза, пренесуваат бугарските медиуми.

На предлог на претседателот на Народното собрание, Росен Желјазков, седницата на Парламентот е прекината со 140 гласа.

Ова не е првпат да има превирања во бугарскиот законодавен дом. Пред речиси година дена се случи сличен инцидент во кој беа вмешани пратеници.

Слични содржини