Тепачка во Тетово, уапсени три девојки

од Nikola Popovski

Три девојки завршија зад решетки откако полицијата ги привела после тепачка во Тетово, соопшти МВР. Тие се уапсени откако нападнале друго девојче во центарот на Тетово.

-Вчера (8 јули) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово ги привеле В.А.(22) и З.Д.(22) од тетовски Бродец и 23-годишната Е.Б. од Горно Палчиште, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Илинденска” во Тетово, физички ја нападнале 25-годишната М.Ј. од Боговиње, информираат од СВР Тетово.

Полицијата не ги соопшти мотивите за нападот.

Слични содржини