ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ЕРУСАЛИМ: Пукање во близина на синагога, најмалку седум мртви

од Vladimir Zorba

Најмалку седум лица загинаа во терористички напад во петокот вечерта во населбата Неве Јаков во Ерусалим, а уште 10 се повредени.

Вооружен маж отвори оган во близина на синагога во источен Ерусалим во петокот вечерта, рани 10 луѓе пред да биде застрелан и убиен, соопштија израелската полиција и медицинските лица.

– Видовме жена и четворица мажи како лежат на патот. Тие имаа прострелни рани и немаа знаци на живот. Веднаш ја потврдиме нивната смрт – изјавил доктор Фади Декидек за „Ерусалим пост“.

Престрелката во еврејската населба Неве Јаков уследи по смртоносниот напад на израелската армија во четвртокот на Западниот Брег во кој загинаа девет Палестинци, а десетина подоцна беа убиени северно од Ерусалим, пренесе „АП“.

По пукањето во петокот, итните служби на Маген Дејвид Адом соопштија дека 10 лица побарале лекарска помош, а некои од нив се во критична состојба.

Израелската полиција соопшти дека напаѓачот бил застрелан и убиен, а на местото на настанот имало голем број на припадници на полицијата.

Слични содржини