Тешка сообраќајка кај Хиподром, почина едно лице

од Nikola Popovski

На 26.03.2022 во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на клучка „Хиподром“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“, со винички регистарски ознаки, управувано од А.С.(41) од Виница и патничко возило „опел астра“, со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Д.(56) од с.Јурумлери, скопско.

-На местото на несреќата починал З.Д., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Додека А.С. се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, соопштија од МВР.

Слични содржини