Тетовец заврши во „Шутка“ откако ограбил две казина

од Nikola Popovski

Тетовец заработи кривична пријава и мерка притвор откако ограбил две казина, по што се обидел да одземе пари и од трето казино.

Според СВР Тетово, 27 годишниот жител на Тетово бил приведен на 10-ти април. Основниот суд Тетово му определил мерка притвор од 30 денови, а денес осомничениот е спроведен во КПУ Затвор Скопје. –

-Дваесет и седумгодишниот тетовец Е.И. се сомничи дека на 9-ти и 10-ти овој месец извршил две разбојништва и еден обид за разбојништво во казина во Тетово. Заканувајќи им се на вработените со остар и тврд предмет, тој одзел извесна сума парични средства, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Слични содржини