Тетово: 5 пациенти починаа во Ковид-центарот, 14 се примени на лекување

од Vladimir Zorba

Петмина хоспитализирани го изгубиле животот, а 14 нови пациенти се примени на болничко лекување во Тетово во последните 24 часа, информираше д-р Гзим Нуредини од Ковид-центарот во тетовската болница.

-Најмадиот е роден 1972 година, на околу 49 години. Немаме точна анамнеза, но немаме информација дека имал хронична болест. Исто така, имаме и примено на болничко лекување млади лица од 35 до 45 години. Се уште алармот е на црвено и болеста ги фаќа и младите. Бројот на амбулантски прегледи е се уште висок, што значи ќе има уште многу приеми, изјави д-р Нуредини за МИА.

Слични содржини