Тетовo доби прва вендинг машина за рециклирање пластични шишиња и лименки

од Берта Китинска

Во Тетово беше поставена првата повратна вендинг машина каде граѓаните ќе може да оставаат пластични шишиња и лименки. Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини беше првиот кој се евидентираше како корисник и заедно со директорот на Пакомак, Филип Ивановски пуштија неколку пластични шишиња.

– Нема подобар начин да се претстави обезбедувањето на услови и директна имплементација на новиот пакет закони за управување со отпадот, што ги изработи Министерството за животна средина ги просторно планирање, а ги усвои Собранието. Тие се во функција на зелената трансформација на економскиот систем и воведувањето на принципот на циркуларна економија, а селекцијата, рециклирањето, реупотребата и преработката на отпадот пред негово депонирање станува обврска за сите. Со тоа промовираме одржливо користење на природните ресурси, заштита на животната средина и иновација на технолошките процеси – додаде министерот Нуредини.

Најавувајќи поставување на вендинг машини и во другите градови во државата Нуредини посочи дека во претстојниот период ќе се постават до 50 собирни садови за селекција на отпадот во државните институции, со цел органите на власта и државни службеници да бидат пример како соодветно се имплементираат новите закони и како правилно се одложува отпадот.

Слични содржини