Тимбервулвс продадени за 1.500.000.000 долари

од Vladimir Zorba

НБА франшизата Минесота Тимбервулвс беше продадена за милијарда и пол долари! Минесота официјално ја купи претседателот на „Волмарт“, Марк Лор, со помош на Алекс Родригез, објави Минесота.

Според новинарот на „ЕСПН“, Брајан Виндхорст, цената била 1.500.000.000 долари!

Следуваше официјално соопштение:

„Глен Тејлор постигна договор со Марк Лор и поранешната бејзбол sвезда Алекс Родригез за продажба и иднината на Тимбервулвс. Трансакцијата ќе биде завршена со дозвола на лигата, а потоа ќе започне ново поглавје за Минесота“, се вели во соопштението.

Веќе е најавено дека Алекс Родригез ќе дојде на кормилото на Минесота, а сега се чини дека е постигнат конечен договор.

Идејата е Минесота да се издигне како франшиза и новите сопственици да се обидат да донесат некои ѕвезди во нивниот тим, какви што Минесота немала од заминувањето на Кевин Гарнет.

Минесота има резултат 22-48 оваа сезона и влезе во плејофот само еднаш во последните 17 години од владеењето на Тејлор.

Слични содржини