Тимошенко предлага парламентарна мисија за Донбас

од Vladimir Zorba

Поранешниот украински премиер и претседател на Сеукраинската унија, Јулија Тимошенко предложи да се формира „парламентарна мисија“ со членовите на украинскиот парламент, која ќе биде вклучена во меѓународните преговори за ситуацијата во Донбас.

„Апелирам до сите надлежни пратеници со дипломатско искуство да формираат специјална парламентарна мисија, која ќе може да изврши влијание и да работи професионално“, рече Тимошенко, пренесува ТАСС.

Таа истакна дека задача на парламентарната мисија е да земе активно учество во сите меѓународни преговори во Донбас.

Идејата за вклучување на украинските парламентарци во преговорите за источна Украина најпрво дојде од лидерот на опозицијата Виктор Медведев, чија иницијатива за меѓупарламентарен дијалог порано ја поддржуваше и рускиот претседател Владимир Путин.

Слични содржини