Тиодоровиќ: Одговорот за вакцинација над очекувањата, вакцините ефикасни и за новиот вид на вирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Член на кризниот штаб на Србија, Бранислав Тиодоровиќ, денес изјави дека луѓето треба да се вакцинираат што е можно поскоро, со каква било вакцина, бидејќи сите тие се ефикасни и за новиот вид на коронавирус што се појави во областа.

Тој за РТС изјави дека одговорот за вакцинирање во Србија е над очекувањата и дека за некаков вид на колективен имунитет, најмалку еден до два милиони граѓани треба да се вакцинираат.

Тиодоровиќ додаде дека новиот вид на вирусот е сериозен и дека кризниот штаб ја следи состојбата бидејќи веќе се појави во Романија, Унгарија, Словенија и прашање на денови е кога ќе се појави и во Србија.

Според него, само британското истражување вели дека новиот вирус е поубиствен, додека другите европски земји наведуваат дека новиот вирус се шири побрзо, но не е и посилен.

Тиодоровиќ посочи дека ситуацијата во Србија е нешто подобра, но дека мерките не смеат да се олабават сега и „не смее да има опуштање“.

Слични содржини