„Тоа е застрашувачко“: Семејството на Бритни Спирс се сомнева дека пејачката зема наркотици

од Stefanija Kuzmanovska

Поп-ѕвездата Бритни Спирс во последните години е главна тема на сите светски медиуми, но не поради нејзината кариера или новите песни, туку поради скандалите кои не престануваат да ѝ се нижат во животот.

Откако нејзиниот татко конечно го загуби старателството и целосната контрола врз пејачката, многумина се надеваа дека Бритни ќе се врати на вистинскиот пат, но нејзиното семејство сега тврди дека стравува дека пејачката повторно се дрогира.

Нејзиниот поранешен сопруг изјавил дека се плаши за мајката на неговите синови.

„Се плашам дека е на метамфетамини – се молев некој да го објави тоа и да се освести. Тоа е застрашувачко. Таа е мајка на моите момчиња“, изјави Кевин Федерлајн, поранешен сопруг на пејачката и додаде:

„Не сакам момчињата да се разбудат едно утро и да откријат дека нивната мајка се предозирала“.

Според Page Six, нивните синови Престон и Џејден одбиваат да ја видат нивната мајка додека таа не побара лекарска помош, велејќи дека ја виделе Бритни како се дрогира.

Освен нив, за судбината на пејачката се плаши и нејзиниот татко Џејми, кој стравува дека неговата ќерка ќе ја доживее судбината на Ејми Вајнхаус.

Ниту нејзината финансиска состојба не е најдобра, со оглед на тоа што пејачката нема постојани приходи од 2019 година, а само 40.000 долари месечно плаќа за алиментација.

Да потсетиме, минатата година Бритни се омажи за моделот Сем Асгари, а иако организираше голема прослава, никој од нејзиното семејство не сакаше да се појави.

Слични содржини