Том Круз секоја година за Божиќ на своите пријатели им го испраќа овој необичен подарок

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот актер Том Круз има интересен обичај кој го практикува секој Божиќ.

Имено, тој на своите пријатели им праќа торта со бело чоколадо и кокос, која веќе е позната како „Том Круз торта“.

Актерката Коби Смалдерс, најпозната по улогата на Робин во хумористичната серија „Како ја запознав мајка ти“, гостуваше во шоуто на Џими Фалон и зборуваше за овој подарок што секоја година го добива од колегата.

„Тоа е торта од бело чоколадо и кокос и морам да признаам дека е вкусна. Ја чувам во фрижидер и трае до март бидејќи често земам парче. Не знам зошто, не сум по благото, но ова е супер“, изјави таа во емисијата.

Меѓу оние на кои Том Круз им праќа торта се Кристен Данст, Џејмс Корден и Хенри Кавил. Посебно е интересна причината поради која Круз почнал да практикува да го праќа токму овој подарок на голем број негови познаници.

Имено, како што еднаш откри, тој обожава благо, но ретко јаде поради тренинзите. Затоа, со нетрпение ги очекува празниците кога ќе може без грижа на совест да ја консумира својата омилена торта, но и да ја сподели својата страст со блиските луѓе.

Слични содржини