ТРАГЕДИЈА ВО АМЕРИКА: Двегодишно дете почина во автомобил

од Stefanija Kuzmanovska

Двегодишно дете загина во Канзас откако на екстремни жештини се заглавило во автомобил додека си играло. Полицијата продолжува да истражува што тргнало наопаку, но шерифот Крис Велс од Скрентон во северниот дел на округот Осаџ изјавил дека детето не било оставено во автомобилот, туку самото се заглавило таму.

Највисоката температура во областа тој ден изнесувала 32,2 степени Целзиусови, иако се уште се прави обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Итната помош била повикана во 15:40 часот по локално време во неделата на 31 јули, кога детето лежело во автомобилот без знаци на живот.

Детето било однесено во блиската болница Стормонт Вејл во Топека, но за жал било прогласено за мртво.

„Овој инцидент сè уште е под темелна истрага. Сите докази во овој момент укажуваат на тоа дека станува збор за трагична несреќа и дека не е извршено никакво злосторство. Тоа било момче и информациите што ги собираме укажуваат на тоа дека детето најверојатно си играло, влегло во возилото и се задушило“, изјави шерифот Велс за Newsweek.

Слични содржини