Трагедија во национален парк во Канада: Гризли усмрти брачен пар и нивното куче

од Stefanija Kuzmanovska

Гризли мечка нападна и уби две лица во Националниот парк Банф во Алберта, Канада, соопшти канадската служба за национални паркови.

Службата објави дека вечерта во петокот, на 29 септември, било примено предупредување од ГПС уред што укажува на напад на мечка во долината на реката Ред Елен во националниот парк Банф.

Жртвите биле брачен пар од Канада и нивното куче. Мечката била пронајдена и евтаназирана.

Ким Тишенер од здружението Bear Safety and More вели дека средбите со мечките се зголемуваат, но смртоносните напади се ретки.

„Причината зошто гледаме се повеќе напади е тоа што се повеќе луѓе излегуваат во природа и не се едуцираат за мечките“, рече тој, додавајќи дека податоците покажуваат дека 14 отсто од нападите на гризли во светот доведуваат до смрт.

Контактите со мечките се почести наесен, бидејќи тие стануваат поактивни во потрагата по храна пред хибернација во студените зимски месеци.

Националниот парк Банф, кој привлекува повеќе од четири милиони туристи секоја година, е дом и на гризли и на црни мечки.

Слични содржини