„Трагедијата беше голема“: Сведоштво на пожарникарите кои интервенираа на запалениот автобус кај Струма

од Берта Китинска

Бугарската ТВ Нова објави ексклузивна сторија во која со огромна доза на емоција за прв пат пред камерите говорат пожарникарите кои први пристигнале на местото каде гореше автобусот на македонската компанија „Беса Транс“.

Ужасот на автопатот Струма во кој загинаа 45 македонски државјани кој се случи на 23 ноември ќе остави печат во нивните глави.

„За мене 23 ноември е многу тежок ден. Не би сакал такво нешто да се повтори. Навистина е многу тешко за блиските на загинатите, но беше тешко и за нас“, вели пожарникарот Николај Иванов.

Првата екипа која пристигнала на местото на несреќата била од гратчето Перник. Пожарникарот Пламен Николов укажува дека се работи за искусен тим, но дека тие воопшто не биле подготвени дека ќе се соочат со таква катастрофа.

„Никој од нас не очекуваше дека во автобусот ќе има толку многу луѓе“,вели тој.

Ним им било кажано дека во автобусот што имал незгода има и луѓе кои се притиснати меѓу седиштата.

„Постапивме така како што дејствуваме вообичаено. Најбргу што можевме дојдовме до местото, но трагедијата беше голема и немавме никаква шанса да им помогнеме на луѓето“,укажуваат пожарникарите.

ВИДЕОТО погледнете го ОВДЕ.

Слични содржини