Трамп бара ново судење за случајот со сексуална злоупотреба на писателката Елизабет Џин Керол

од Vladimir Zorba

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп денеска побара ново судење во граѓанската тужба што против него ја покрена писателката Елизабет Џин Керол, во која Трамп беше прогласен за виновен за сексуална злоупотреба и клевета и беше наредено да и плати отштета од пет милиони долари.

Адвокатите на Трамп пред федералниот суд на Менхетен изјавија дека делот од обештетувањето од два милиони долари поврзан со сексуална злоупотреба е „претеран“ бидејќи поротата утврдила дека Керол не била силувана и дека однесувањето на поранешниот претседател не предизвикало никаква психичка повреда, според Асошиејтед прес.

Тие додадоа дека наградата за клевета од 2,7 милиони долари е „заснована на чиста шпекулација“.

Слични содржини