ТРАМП ГО ПРАШАА ДАЛИ МИРНО ЌЕ ЈА ПРЕДАДЕ ВЛАСТА АКО ИЗГУБИ НА ИЗБОРИ: Па, ќе видиме што ќе се случи! (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

На прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп одби да се обврзе на мирно предавање на власта доколку изгуби на претседателските избори во ноември.

„Па, ќе мора да видиме што ќе се случи“, рече Трамп.

Тој исто така изјави дека смета дека за резултатите од изборите ќе одлучува Врховниот суд, повторно изразувајќи сомнежи за регуларноста на гласањето по пошта.

Тој смета дека затоа е важно да има девет судии во Врховниот суд.

„Оваа измама спроведена од демократите е измама што ќе се најде пред Врховниот суд на САД и мислам дека не е добро да се има ситуација во која може да се случи исход 4-4“, рече Трамп.
Трамп на Твитер објави дека ќе го објават името на судијата кој ќе ја наследи Рут Бадер Гинцберг, која почина во петокот.

Демократскиот кандидат на претседателските избори, Џо Бајден, го повика кандидатот што ќе победи на изборите да почека со номинацијата за Врховниот суд сè до инаугурацијата во јануари 2021 година.

Републиканците, сепак, сакаат да ја искористат можноста и со помош на мнозинството во Сенатот со 53 места, да го засилат конзервативното мнозинство во Врховниот суд на 6-3, додека пред смртта на судијата Гинцберг тоа мнозинство беше 5-4.

Слични содржини